Со позитивни мисли, но негативни на Ковид, ракометарите подготвени за пат до Шафхаузен

Пред заминувањето за Швајцарија ракометарите кои се дел од репрезентацијата на Македонија го одработија последниот тренинг, а воедно ги добија и резултатите од новото тестирање на Ковид 19.

Ова се добри вести пред заминувањето бидејќи Брестовац може да смета на сите ракометари кои ги има предвид за дуелот против Швајцарија.

Според информациите за Швајцарија одат ракометарите кои беа дел и од првиот дуел против Финска, а тука е и Милорад Кукоски кој на првиот дуел беше на трибините. Тој би требало да се најде во тимот и да ја засили одбраната која имаше проблеми против Финците.

Каква ќе биде измената ќе се знае на денот на натпреварот против Швајцарците така што во моментов најважно е дека сите ракометари се подготвени за пат за Швајцарија и се подготвени за играње.