Унгарија ја изненади Шпанија во Евро купот

На првиот натпревар во ЕХФ Евро Купот помеѓу репрезентациите на Унгарија и Шпанија победата им припадна на унгарците со 32:29. Иако Унгарците не ги водеше селекторот Иштван Гулјаш кој има коронавирус, сепак со неговите помошници Чема Родригез и Ласло Наѓ беше совладан европскиот првак.

Почетните минути се играше гол за гол се до резултат 7:7, следуваше првото повисоко водство на Унгарија со четири гола по ред. До крајот на првиот дел Унгарците имаа највисоки седум предност 17:10, но во завршните минути Шпанија намали на 17:13 со кој резултат отидоа на полувреме.

Унгарија во продолжението играше сигурно и успешно ја одржуваше предноста, во втората половина на вториот дел повторно стигна до највисокото водство од првиот дел кога беше 28:21. Ова беше доволна предност за конечен триумф. Шпанците само го ублажија поразот до крајот на дуелот.

Нјаефикасен во репрезентацијата на Унгарија беше Миклош Рошта со седум гола, а по пет гола постигнаа Бока и Мате. Во составот на Шпанија најпрецизен со шест гола беше Рубен Маршан, додека Македа и Одриозола постигнаа по четири.