По екипите на битолски Пелистер и Деспина Прилеп, трет тим од Женската лига ќе биде во карантин две недели.
Станува збор за тимот на Металург, каде што има четири позитивни случаи на коронавирус.
Позитивни се две ракометарки, како и двајца членови на стручниот штаб, a од Автокоманда велат дека тоа нема да биде последната бројка, со оглед на тоа дека тестови се прават и денеска.
Карантинот на Металург значи дека ќе бидат одложени натпреварите на избраничките на Јулијана Дамчевска против Стружанка, Гевгелија и Спартак.