Европската ракометна федерација реши да одложи дел од првенствата и шампионатите во младинските машки конкуренции, а дел од нив добија нови термини.
По целокупната анализа на актуелната ситуација и состаноците со организаторите на сите настани, ЕХФ ги откажа Европските првенства за кадети и младинци во Словенија и Хрватска, како и ЕХФ шампионатите за младинци во Летонија и Босна и Херцеговина.
Тие требаше да се одржат најпрво во јули и август летово, а потоа беа презакажани во јануари 2021 година.
ЕХФ шампионатите за кадети кои требаше да се играат во Македонија, Бугарија и Летонија, нема да се играат во јануари 2021 и останува да се играат следното лето од 15 до 22 август на истите локации.
Македонија освен на машки кадетски ЕХФ шампионат, следното лето ќе биде домаќин и на женски младински ЕХФ шампионат, кој ќе се одржи од 10 до 18 јули 2021 година.