Езерското дерби меѓу Охрид и Струга, во последните неколку свои изданија не навикна да гледаме неизвесни натпревари и прекрасна навивачка атмосфера.
Поради актуелната ситуација во моментов, првото езерско дерби сезонава се игра без публика, но навивачите на Струга, „Паткари“, не пропуштија прилика да ги бодрат своите миленици.
Тие со пиротехничко шоу во Струга ги испратија ракометарите на пат до блискиот Охрид со желба за позитивен резултат.
Струга досега во Суперлигата забележаа две победи над Астраион на гости и дома над Јуниор Кисела Вода, како и едно реми со КЛ7, додека и Охрид има два триумфи, над Радовиш и над КЛ7.