Лидерот Куманово го брани врвот против вардарки во Скопје

Женскиот тим на Вардар денеска ќе го пречека Куманово во 10. коло од Супер женската лига и ова е натпревар на тимовите кои ги имаат првите две позиции на табелата.

Вардарки во петокот го претпреа првиот пораз сезонава на гостувањето кај Металург, па денеска ќе се обидат да надоместат иако ќе биде многу тешко бидејќи составот на Куманово досега е единствениот со максимални 24 бода.

Кумановки се лидери на табелата и ќе се обидат да го одбранат првото место со нова победа. Сепак, во Скопје кај Вардар нема да биде така лесно и ќе мора да дадат максимум на терен доколку сакаат да успеат.

На другите терени ситуацијата е нешто поинаква. Домашните се главно фаворити, а возбудувања може да има во Гевгелија каде што гостува составот на Шампион.

 

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО

НЕДЕЛА, 25 ОКТОМВРИ

13:00ч

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

14:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ШАМПИОН

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Стојанчо Јовановски и Виктор Андонов од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

15:30ч

СТРУЖАНКА – КУЗМАН ВАРДАР

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Викторија Прентоска и Наташа Глигороска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

16:00ч

ВАРДАР – КУМАНОВО

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

19:00ч

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ

Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

ПЕЛИСТЕР – ЧАИР

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

ДЕСПИНА е слободна

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ26251076
2ЧАИР26221367
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА26221367
4ВАРДАР26201561
5КУМАНОВО26190757
6СТРУЖАНКА261311240
7ПЕЛИСТЕР 2012261211337
8СКОПЈЕ261031333
9ДЕСПИНА261011531
10СПАРТАК26911628
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.26541719
12АСТИБО26402212
13ШАМПИОН2621237