Екипата на Чаир која настапи без дел од ракометарките кои поради повреда не беа во можност да бидат на теренот против Спартак дојдоа до минимална победа од 31:30 во натпревар од 9. коло.
Во текот на целата средба имаше неизвесност. Чаир беше подобар за нијанса, а Николовска и Рахмани беа ракометарките кои ги предводеа колешките на теренот. На спротивната страна Гроздановска задаваше најмногу грижи и најчесто преку неа завршуваа нападите.
Во игра во која главно беше израмнето на одмор се замина со 15:12, но во продолжение одново беше неизвесно.
Составот на Спартак се врати во игра и парираше така што задаваше проблеми и тимот на Чаир немаше комоција. Мораше до крајот да се бори за овие бодови, а нијанси пресудија за побендиот. Сепак, Чаир немаше проблеми и успеа да го зачува триумфот така што заврши со три бода од оваа средба.
ЧАИР – СПАРТАК 31:30 (15:12)
Сала: 7 Март во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скпје.
ЧАИР: Кицеска, Сали, Мисовска 1, Динарица 2, М. Никловска 9, Божиновска 3, Бакиќ 2, Рамуко 1, Рахмани 9, З. Рамуко 1, Мартиновска 1, Костадиновска 2.
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 12 мин.
СПАРТАК: Стојковска, Самарџиоска, Василева 2, Стефановска 5, Гроздановска 10, Петковска, Коларовска 6, Ангелковска, Ивона Кимовска, Ива Кимовска, Трајановска 2, Божиновска, Китановска 4, Георгиевска 1, Кузмановска.
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.