Шампион даде отпор, но Стружанка го собра целиот плен

Ракометарките на Стружанка ја забележаа втората победа во серија, а вкупно четврта во седум меча од Женската лига, откако славеа на гости кај Шампион со….

По неколку промашени напади на двете страни, Шампион отвори со водство 1-0, но потоа со серија од четири гола Стружанка ја презема контролата, 1-4. По 9-10, до крајот на полувремето, гостинките направија уште серија и стигнаа до солидна залиха од плус четири, 9-13.

Во второто полувреме, избраничките на Валентина Радуловиќ се доближија во неколку наврати на минус два, но немаа сили да се вратат комплетно во мечот. По 22-27 за Стружанка, Шампион во финишот успеа да намали на конечни 24-27.

Домаќинките промашија четири пенали, кои доколку ги реализираа особено во првиот дел, натпреварот сигурно ќе беше понеизвесен.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Теодора Дукоска со десет и Натали Јоноска со шест погодоци, додека кај домашните се истакна Симона Димитриевска со седум голови.