Металург им го нанесе првиот пораз на вардарки

Ракометарките на Металург им го нанесоа првиот пораз на колешките од Вардар во оваа сезона. Тие се изборија за победа од 28:21 во натпреварот од 9. коло во Супер женската лига.

Металург успеа да го добие натпреварот во завршницата кога затаи нападот на Вардар така што тука беше и главната разлика.

Од почетокот на средбата владееше неизвесност. И двете екипи се менуваа во водство. Свои моменти имаа и ракометарките на Вардар и на Металург. Сепак, никој не успеа да создаде поголема предност за да има можност за мирна завршница.

На полувреме беше 12:11 во корист на домаќинот. Металург имаше минимална предност, а истата ја чуаше и во продолжение од средбата. Сепак, до 49. минута предноста на Металург беше само еден гол разлика. Тука се случи клучната ситуација бидејќи Вардар постигна уште еден гол во 53. минута и последниот во 60. минута. Во овој период Металург веќе го реши победникот.

Ова беше првиот пораз за Вардар сезонава додека Металург исто така има еден пораз, а ова беше веќе шестта победа.

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР    28:21 (12:11)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 6, Ѓорѓиевска 1, Владева 1, Гулицоска 1, Тасевска 5, Смајлоска 1, Арсениевска, Младеновска, Алексоска 1, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 5, Петковска 1, Николиќ 4.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Попова, Стефаноска, Џатевска 3, Лазаровска, Трпевска6, Костовиќ, Диневска 5, Миновска, Јаковчевска, Галевска 3, Стојановска 1, Стаменкова, Коцева, Дамјановска 3.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 10 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167