Ракометарите на Металург загубија со 33-29 во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа од францускиот Тулуз.
Голманот Даниел Дупјачанец смета дека млаката игра во одбрана без многу фаули и прекини пресудила околу победникот на овој натпревар.
„Би сакал да му честитам на Тулуз за победата, беа подобри од нас и одиграа добро во одбраната. Се согласувам со мојот тренер дека мора да работиме во дефанзивата. Промашивме многу напади, правевме малку фаули и тоа беше причината за поразот. Но, како што кажав претходно, во групната фаза на Лигата на Европа сме за да се подобриме како тим. Мора да анализираме каде погрешивме и да извлечеме поука од која ќе најдеме начин како да ги намалиме тие грешки“, смета Дупјачанец.
Тимот на Металург следниот натпревар го игра на домашен терен против полскиот вицепрвак Висла Плоцк во вторник на 27 октомври.
Металург не успеа кај Тулуз, се враќа со пораз од првиот дуел во Лигата на Европа
Кастратовиќ: Проблемите во нашата одбрана и загубените топки го решија победникот