Кастратовиќ: Проблемите во нашата одбрана и загубените топки го решија победникот

Ракометарите на Металург загубија со 33-29 во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа од францускиот Тулуз.

Тренерот Зоран Кастратовиќ смета дека големите проблеми во одбраната на неговиот тим беа клучни за победата на Тулуз.

„Му честитам на противникот за победата. Ние дојдовме по добар резултат, знаевме дека ќе бидат без плејмејкерот од Холандија. За жал, не успаевме во тоа поради лошото ниво на концентрација во одбраната. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеаевме да ја сопреме нивната транзиција и на крајот разликата беше пет гола. Не знам зошто имавме толку многу проблеми. Нашата одбрана 6-0 не беше добра денес како на претходните натпревари. Исто, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Но имаме уште девет натпревари во Европската лига да играме подобро и да победиме на некој од нив“, вели Кастратовиќ.

Тимот на Металург следниот натпревар го игра на домашен терен против полскиот вицепрвак Висла Плоцк во вторник на 27 октомври.

Металург не успеа кај Тулуз, се враќа со пораз од првиот дуел во Лигата на Европа