Стружанка сигурна, без проблеми го запре Овче Поле СУ

После победата во минатото коло на домашен терен екипата на Овче Поле СУ немаше сили за нов триумф. Стружанка не дозволи никакво изненадување пред своја публика и забележа победа од 30:18.

Гостинките тргнаа добро во средбата и ја имаа иницијативата. Успеаја преку Вучевска и Манева да парираа и да дојдат до водство од 6:3.

Овие три гола беа највисоката предност, која не беше зачувана до крајот, па гостинките мораше некаде после средината да се помират со тоа дека на овој дуел тешко ќе можат до подобар резултат.

Откако на полувреме беше 15:10, домашните без проблеми стигнаа до зголемување на предноста и до двоцифрен триумф. Имаа повеќе од играта и воедно не дозволија изненадување. Покрај тоа на тренерот на Стружанка имаше и избор во повеќе ракометарки што се виде и во играта така што на крајот не ни можеше да се очекува некакво изненадување.

СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ  30:18 (15:10)

Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Домазетоска, Голабоска, Кузманоска, Дукоска 5, Переска, Б. Затуроска 2, Јоноска 4, И. Затуроска 8, Ѓоршулеска 1, Јусуфи 2, Јовичинац 1, Петреска 1, Делиоска 6

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 12 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Стоилова, Вучевска 5, Сентовска 2, Манева 7, Конева, Ефремова, Велковска 1, Костова, Стојанова, Гигова 3, Ташкова

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 10 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080