Две победи за два дена – Чаир подобар од Стружанка

Ракометарките на Чаир после дуелот со Наиса, за два дена одиграа два домашните натпревари. Откако славеа против Ѓорче Петров, стигнаа до нов триумф овој пат против Стружанка со 34:25.

Гостинската екипа од Струга добро парираше на почетокот на натпреварот. Како одминуваше натпреварот Чаир градеше предност, но после 10:6, Стружанка успеа да се врати и да намали на 11:10. По првото полувреме домашната екипа имаше предност од 14:11.

Почетокот на второто полувреме донесе убедлива игра на Чаир, отворија со 5:0 и стигнаа до висока предност од 19:11. Оваа позитива беше доволна вториот дел домашниот тим да го доигра рутински и да стигне до нова сигурна пообеда. Со овој триумф Чаир се искачи на четвртата позиција со четити победи и два порази.

Најефикасна во победничкиот состав беше Анастасија Николовска со седум гола. Шест гола постигна Николовска Марија, а по четири пати погодија Леонора Рахмани и Арлинда Динарица. Во екипата на Стружанка најмногу се истакнаа Теодора Маркоска и Магдалена Делиоска со по пет гола, а четири гола постигна Теодора Дукоска.