Најголемото засилување за тимот на Кил оваа сезона, Сандер Сагосен, се повреди на првиот натпревар во новата сезона од Бундес лигата.
Норвежанецот во 42. минута се пожалил на повреда, а по лекарските прегледи беше утврдено дека е скинато мускулно влакно.
Препораката на лекарите е мирување најмаку три седмици, па стратегот Филип Јиха ќе мора да комбинира со играчите од бековската линија.
Претходно Јиха остана без услугите на Никола Билик, кој скина лигаменти, а месец дена нема да смета ниту на Никлас Ландин.