Гедбан конечно во Шпанија – со нов имиџ на промоција во Адемар (ФОТО)

После неколку месеци претстој во Скопје и исчекување да замине за Шпанија, конечно денеска голманот кој во последните две сезони беше дел од Вардар, Калифа Гедбан беше претставен од Адемар Леон.

Гедбан дојде во Вардар пред почетокот на сезоната кога „црвено-црните“ ја освоија втората круна, но беше во сенка на Дејан Милосављев. Во минатата сезона се очекуваше тој да ја понесе одговорноста, но не ги оправда очекувањата.

Минатата сезона не беше довршена, а поради коронавирусот Гедбан остана во Македонија и до пред извесно време се наоѓаше во Скопје. Сепак, од денеска веќе е во Шпанија и ќе се обиде да се покаже во Адемар во подобро издание.

Фотографијата е од денешната промоција, а Гедбан е со нов имиџ.