Германскиот Кил по 165 дена одигра натпревар. Избраниците на Филип Јиха славеа на тестот против третолигашот Алтенхолц со 43-34.
„Зебрите“ сепак не беа толку доминантни, бидејќи во првиот дел беше само нерешено, 17-17.
Деби за новиот тим имаше норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен, кој успеа да погоди два пати.
Никола Билик беше најдобар стрелец со шест погодоци, а Магнус Ландин постигна пет голови за победничкиот тим.