Проблеми во Романија, клубовите контра федерацијата

Ракометната федерација на Романија ќе има проблеми да ги одржи натпреварите од завршницата во Купот со оглед на тоа што клубовите немаат намера да ги почитуваат препораките кои се дадени од страна на челниците.

Натпреварите од Купот за мажи треба да се играат на 22 и 23 август, додека кај дамите се предвидени за 29 и 30 август. Проблем се барањата од федерацијата сите екипи да се најдат во карантин од 14 дена пред овие средби, а покрај тоа на два дена пред натпреварите сите мора да имаат негативен тест.

Овој предлог веднаш беше одбиен од тимовите на Динамо Букурешт, Бакау и Темишвар, додека Констанца е на воздржан статус поради тоа што секако ќе мора да се придржува до одредени мерки поради првото коло од Лигата на Европа.

Кај дамите ситуацијата е поинаква и таму сите клубови го одбија предлогот. Првиот човек на Влчеа, имаше свој коментар дека пред доаѓањето на подготовки многу од девојките биле во карантин и дека сега после десет дена тренинзи да одат во нов карантин не е в ред и е премногу.