Полскиот шампион Келце следната среда, на 12 август, на прес конференција ќе го соопшти името на новиот главен спонзор.
Пресот ќе се одржи во салата „Легионов“, а ќе бидат присутни претседателот Бертус Сервас, тренерот Талант Душебаев, претставник на новиот спонзор и специјален гостин.
Ќе биде интересно да се види како европскиот шампион од 2016 година, ќе ја реши оваа тешка ситуација, во која се најде откако во еден месец ги загуби двата главни спонзори – ПГЕ и ВИВЕ.
Полските медиуми пишуваа дека само се купува време и дека Сервас нема најдено нов спонзор, но штом веќе е закажан прес, тоа значи дека Келце нема да ја доживее судбината на ТЕКА Сантандер, Атлетико Мадрид, Хамбург…