Унгарскиот Веспрем го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Избраниците на Давид Дејвис загубија со 31-33 од Татабања, а најдобар стрелец беше нашиот Дејан Манасков со шест голови.
Дејвис не беше задоволен од тоа што го видел на овој натпревар.
„Тоа беше многу лошо. Беше како најголем кошмар кој што може да биде – не смееме така да играме. Екипата како да не беше на теренот. Нашиот ривал беше уморен, но играше со најголеми амбиции. Од наша страна јас ништо не видов“, вели Дејвис за клупскиот сајт.
За Веспрем дебитираа новите засилувања – Македа, Коралес, Шишкарев, Марккусен, а поради повреда не настапи само Лауге.