Единственото засилување за тимот на Охрид пред стартот на новата сезона ќе биде српскиот интернационалец Игор Чагаљ.
Некогашниот репрезентативец на Србија во младинските категории настапува на пивотменската позиција и ќе го менува Кристијан Анастасовски, кој замина во францускиот Анжер.
„Фазата на запознавање помина и можам да заклучам дека првите импресии се одлични. Момците се перфектни, а екипата е маестрална. Како што ги запознавам луѓето во клубот и околу, така и шетам по градот кој ме импресионира. Очекувањата мои и од клубот се поклопија уште во преговорите и затоа сум тука. Очекувам успешна сезона, но прво да одработиме добри подготовки“, изјави Чагаљ за „Ohrid news“.
Охриѓани подготовките ќе ги одработат покрај езерото, а ќе бидат дел од Струшкиот турнир, кој ќе биде на програмата од 12 до 16 август.