Периќ: Знам како е во Битола, едвај чекам да играм пред полни трибини (ВИДЕО)

Интернационалецот од БиХ кој после две сезони во Бундес лигата во редовите на Гепинген пристигна во Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекува стартот на сезоната, но вели дека би сакал натпреварите да се играат пред полни трибини.

Во зависност од ситуацијата секако ќе се знае и дали ќе може ова да биде исполнето.

„Следев многу што се случува во Македонија. Знам што може да се очекува. Се надевам дека ќе има публика на трибините. Знам дека атмосферата во Битола е секогаш одлична и се веселам што ќе имам можност да играм пред такви навивачи“, коментираше Периќ за 24Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.