Во лига од северниот дел на Италија се случи несекојдневна случка, екипа од соседната Австрија триумфираше во првенството кое беше прекинато заради коронавирусот.
Како што пренесува handball-tirol.at австрискиот тим Тирол стана победник во италијанската Серија А2 во северниот регион. Ова е за првпат некоја австриска екипа да освои првенство на друга држава.
Во изминатата сезона младиот тим одигра 18 натпревари, по што следуваше прекин на првенството заради коронавирус, a дотогаш австријците беа најдобри. Тирол беше прв на табелата со 15 победи, еден пораз и две нерешени средби.