Веспрем ангажираше младински репрезентативец на Унгарија

Унгарскиот шампион Веспрем во ростерот за новата сезона ќе има 20 ракометари, од кои само тројца се Унгарци – средниот бек Мате Лекаи, третиот голман Мартон Секељ и левиот бек Патрик Лигетвари.

Јавноста бара повеќе домашни ракометари во составот на шампионот, па така Давид Дејвис се реши да го ангажира младинскиот репрезентативец Петер Лукач.

Станува збор за 19-годишен среден бек, кој лани настапуваше за тимот на Ференцварош и постигна 62 погодоци на 15 натпревари.

Лукач веројатно ќе биде користен само за натпреварите во домашното првенство и во регионалната СЕХА лига.