Составот на Шампион во новата сезона ќе се натпреварува во две конкуренции, а ќе има своја екипа и кај дамите.
Откако овој клуб влезе на списокот на тимови кои ќе играат во Првата машка лига ќе биде дел и од лигата каде што се женските состави. Во новата сезона ЖРК „Шампион“ се приклучува на тимовите кои играа и во минатиот шампионат.
Според она што редакцијата на 24Ракомет го има како информација во новата сезона ќе играат сите екипи кои и лани настапуваа во Женската лига, а тоа значи дека ќе играат 14 тимови. Доколку нема други нови клубови кај дамите тогаш ова ќе биде сезона во која би требало да бидат одиграни 26 кола за да биде добиен новиот шампион.
Во лигата минатата сезона играа Металург, Куманово, Вардар, Стружанка, Чаир, Деспина, Спартак, Пелистер, Ѓорче Петров, Гевгелија, Кузман Вардар Илинден, Овче Поле и Алушовски. Сега на овој список е и Шампион, па лигата добива на поголема конкуренција.