Нов клуб во Женската лига: Валентина Радуловиќ со ЖРК Шампион во нови предизвици

Една од ракометарките кои оставија голема трага во Кометал Ѓорче Петров и репрезентацијата на Македонија, Валентина Радуловиќ во следната сезона ќе биде на клупата на тим кој ќе се натпреварува во Женската лига во сениорска конкуренција.

Радуловиќ го пријави тимот на „Шампион“ и со него ќе се обиде да биде еднакво успешна и како тренер, како што беше и додека беше активна на теренот.

Валентина Радуловиќ веќе неколку години е во тренерските води, а ова ќе и биде прв тренерски предизвик во сениорска конкуренција. Таа има ракометарки кои во младинска конкуренција имаа забележителни резултати, па со нив ќе се обиде да биде на едно повисоко ниво.

Со оглед на тоа што сениорската лига е 80% со ракометарки кои се младинки нема да има голема разлика.