Веспрем и во новата сезона на „вардаров“ погон (ФОТО)

Унгарскиот првак Веспрем го објави ростерот на играчи со кои ќе располага тренерот Давид Дејвис за натпреварите од домашните конкуренции, СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Во споредба со лани во тимот не се петмина ракометари – Штербик се пензионираше, Пачковски замина во Мешков Брест, Мачковшек се пресели во лутиот ривал ПИК Сегед, Терзиќ во Висла Плоцк и Гајиќ во Лимож.

Дојдоа исто толку играчи – Македа од ПИК Сегед, Лигетвари се врати од позајмица од Ла Риоха, Маркусен од Силкеборг, Коралес од ПСЖ и Шишкарев од Вардар. Дејвис ќе смета на 20 ракометари, а од нив петмина се поранешни вардарци – Манасков, Борозан, Мораес, Македа и Шишкарев.

Во ростерот има само тројца Унгарци – Мате Лекаи, Патрик Лигетвари и Мартон Секељ.