Поранешниот српски репрезентативец Иван Никчевиќ, по три години во Спортинг Лисабон, се враќа во Шпанија и потпиша договор со тимот на Бенидорм. Искусното лево крило, за кое се претпоставуваше дека ќе оди во пензија, претходно играше за Алтеа, Портланд, Ваљадолид, Алмерија и Грањолерс, како и за полската Висла.
По девет години поминати во францускиот Мец, холандското лево крило Ајли Лусијано, иако имаше договор на уште една сезона, реши да ја заврши кариерата на 29 години.
Хрватскиот првак Загреб на крајот на минатата сезона имаше пет десни крила, а сега има само две. Никола Костески се пресели во Еурофарм Пелистер, Златко Хорват во Металург, а од екипата заминува и Јосип Ереш, кој ќе игра за германскиот Ферндорф. Во екипата на Вори остануваат Божиќ Павлетиќ и Матановиќ.
30-годишниот среден бек Никлас Печковски, ја продолжи верноста кон бундеслигашот Лајпциг за уште една сезона. Плејмејкерот настапува за овој тим уште од 2016 година.
Српската ракометарка Јелена Терзиќ, која минатата сезона играше за Наиса Ниш, а претходно и за Јагодина, ќе го има првиот интернационален предизвик. Десниот бек потпиша за романскиот тим Корона Брашов.