Французите направија милионски фонд за излез од кризата со Ковид 19

Ракометната федерација на Франција формираше фонд за помош на клубовите во време на кризата со Ковид 19, а за таа цел веќе беа избрани и членови кои ќе се грижат за распределба на фонд од 1 милион евра.

Со цел клубовите да се подготват најдобро што можат за сезоната 2020/21 од страна на Ракометната федерација на Франција беше преземен чекор со кој ќе треба да се направи сè за да им се помогне на клубовите. Клубовите се ослободени од котизација за следната сезона, а околу 500.000 евра ќе бидат доделени за набавка на средства и опрема особено преку официјалната продавница на федерацијата.

Од другите средства 250.000 евра ќе бидат распределни за клубовите од пониските лиги, а остатокот средства за намалување на расходите од намалувањето на продажба со влезници.