Некогашниот голем талент на унгарскиот ракомет, Адам Борбељ, во новата сезона ќе игра за тимот на Веспрем ККФТ, новакот во елитната конкуренција.
Борбељ минатата сезона ја мина во Татабања, а иако имаше понуди од Македонија, Романија, Грција и Германија, сепак се реши да остане во татковината.
„Некои клубови се интересираа за мене, на пример, македонскиот Еурофарм Пелистер пројави сериозен интерес, но тренерот сакал да работи со друг чувар на мрежата и стави вето на мојот трансфер. Имав понуди од Германија, Романија и Грција. Интерес покажа и Чурго, но тоа беше во декември, а јас мислев дека ќе останам во Татабања. Како резултат на тоа, кога немаше многу голем избор во јуни, решив да потпишам за Веспрем ККФТ. Ова може да се смета како чекор назад во кариерата, но јас сум сигурен дека ќе имам бенефит. Ќе имам нова улога – ќе бидам најискусниот меѓу младите играчи и морам да бидам пример“, вели Борбељ за „Nezmeti Sport“.
Битолчани ги имаат Чаневски и Трајкоски на голот, но веројатно до стартот на подготовките клубот ќе се засили со уште еден чувар на мрежата.