Полскиот шампион Келце ќе остане без главниот спонзор, компанијата ВИВЕ и ќе мора да се ослободи од најмалку тројца ракометари пред стартот на новата сезона.
Тоа значително ќе ги намали амбициите во Лигата на шампионите, договорите на играчите се исто така намалени.
„Имаме две опции – да се поздравиме со двајца или тројца играчи и да одиме со помали амбиции, или да им понудиме да играат со љубови овој клуб да се бори за Ф4. Прашање е како сакаме да функционира клубот“, вели Сервас.
Тренерот Талант Душебаев беше разочаран по овие вести.
„Жал ми е што ги слушам овие вести. Сите знаеме каква е ситуацијата, ние сме во тешка ситуација како и целиот свет. Ако немаме шанса да се бориме за највисоки дострели, најдобрите играчи може да побараат нов клуб“, вели Душебаев.
Ова значи дека Игор Карачиќ, Андреас Вулф, Алекс Душебаев, Артем Каралек…стануваат достапни на пазарот и Вардар би можел да испрати понуда за некој од нив.