Иако повеќето клубови ќе стартуваат со подготовките за новата сезона на почетокот или кон средината на јули, унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед реши поинаку.
Хуан Карлос Пастор ќе означи старт на подготовките на 27 јули и тимот ќе има 40 дена да се подготви за стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
ПИК Сегед има само мали измени во ростерот. Хорхе Македа заминува во Веспрем, Ален Блажевиќ во Констанца, а третиот голман Мартин Наѓ се сели на Исланд.
Во поглед на засилувањата, само две ќе дојдат во Сегед – левиот бек Борут Мачковшек од Веспрем и десното крило од НЕКА, Даниел Кечкеш.