Иако не е во склоп на завршниот турнир во Лигата на шампионите, каква што е традицијата минатите години, сепак ЕХФ и навивачите го избраа Ол Стар тимот на најелитното натпреварување.
Во овој тим имаше место и за две поранешни ракометарки на Вардар – голманката Амандин Лејно и десното крило Јованка Радичевиќ.
За најдобра одбранбена ракометарка е избрана македонската снаа и поранешна членка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим Талеска.