Првенството во Белорусија беше прекинато најдоцна од сите во Европа, но таму најдобрите две екипи во женска конкуренција мораа да одиграат два дуели меѓусебе за да се добие шампионот на земјата.
Водечките Гомел и БНТУ Белаз имаа интересен двомеч, првиот дуел го доби БНТУ Белас со 31:30, но во реваншт Гомел славеше 29:27 и ја освои титулата во Белорусија. Најефикасна во двата натпревари во тимот на БНТУ Белаз беше левиот бек Марија Коновал.
Таа беше избрана во најдобриот тим на првенството на нејзината позиција, а исто така беше и во ТОП 5 стрелците во Белорусија. Добрите игри на Коновал во белорускиот шампионат и донесоа трансфер во Романија. Таа од наредната сезона ќе насатапува во Дунареа.
Едно е сигурно, со овој трансфер првенството на Белорусија ќе изгуби многу квалитетен играч, но и атрактивност бидејќи Марија Коновал е вистинска убавица. Уверете се во тоа во наредните фотографии.