Левиот бек Сања Вујовиќ, која своевремено беше дел од тимот на ЖРК Вардар, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа минатото лето по паузата поради бременост, потпиша за црногорскиот Будуќност, но не успеа да се избори за поголема минутажа.
Догодина во синиот дрес на црногорскиот првак ќе има уште пет екс вардарки – Алисон Пино, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Итана Грбиќ.
Вујовиќ пред да дојде во Будуќност беше членка на унгарскиот Шиофок, а настапуваше и за Крим, Подравка, Виборг и уште неколку српски тима.
Нејзиниот сопруг Стеван Вујовиќ, исто така поранешен вардарец, минатата сезона беше член на украинскиот Мотор Запорожје.