Европскиот шампион Вардар кој од 1 јуни се враќа кај Михајло Михајловски, полека го крои ростерот за следната натпреварувачка сезона, во која повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите и од СЕХА лигата.
Откако беа продолжени договорите со Стефан Крстевски, Стефан Атанасовски и Давид Гашовски, како и со Марко Мишевски и Борко Ристовски, вчера беше договорена и продолжување на соработката со еден од најзаслужните за двете европски титули – Иван Чупиќ.
Прво засилување за тимот ќе биде Русинот Дмитри Санталов, а договор потпиша и десниот бек Томислав Јагуриновски, а до 20 мај, кога ќе има нова средба меѓу ракометарите и Михајловски треба да биде појасно дали ќе останат Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Кристијан Дисингер, Столе Стоилов, Сергеј Горбок…
Од Вардар сигурно заминуваат голманите Кугис и Гедбан, потоа крилото Шишкарев, пивотменот Сикошек Пелко, како и бекот Толедо.