Дибиров се шегува со Шишкарев – Брате, никогаш потешко не си стигнал до Келн!

Рускиот репрезентативец Данил Шишкарев четврти пат по ред ќе игра на завршницата на Лигата на шампионите.

Тој со новиот тим Веспрем, ќе биде дел од спектаклот во „Ланксес Арена“ во Келн, кој е на програмата на 28 и 29 декември, иако без борба во осминафинале и четвртфинале.

Шишкарев за реноминираниот руски портал „Брз Центар“ откри дека пред неколку дена со Тимур Дибиров се сретнале во продавница.

„Добив честитки, но со доза иронија. Пред неколку дена се видов со Дибиров во продавница. Тој, се разбира, ми рече – Брате, се зборува, како никогаш досега имаше тежок пат до таму“, низ шега вели Шишкарев.