Шишкарев: Да знаев дека ситуацијата ќе се нормализира – немаше да заминувам од Вардар!

Европскиот шампион Вардар од следната сезона ќе остане без десното крило Данил Шишкарев.

По шест години рускиот репрезентативец заминува од Скопје и ќе се пресели во унгарскиот Веспрем.

Тој за „Брз Центар“ откри дека нема да се враќа во татковината на лето, туку директно ќе оди во Унгарија.

„Јас сум се уште играч на Вардар, до 30 јуни. Сега сум во Скопје и веројатно нема да се враќам во Русија затоа што нема да има летови уште долго време, па заедно со сопругата и синот директно ќе одиме за Унгарија на крајот на јуни“, изјави Шишкарев.

Русинот вели дека сите ракометари добиле документ заверене на нотар за исплата на долговите.

„Ни дадоа документ заверене на нотар, во кој е наведено дека сите долгови кон играчите ќе бидат исплатени заклучно со крајот на 2020 година. Тоа е крајниот рок, но може да се случи и порано“, вели Шишкарев.

Десното крило се осврна и на трансферите во двата ривали Металург и Еурофарм Пелистер.

„Ако наместо една екипа, има три силни, тоа за ракометот е убаво – ќе се зголеми интересот уште повеќе. Во Еурофарм Пелистер има стандарден процес. Новиот тренер Жељко Бабиќ си носи играчи по свој вкус, со некои се разделува, некои нови потпишуваат. Што се однесува до Металург, би рекол дека нема нешто сериозно таму. Рниќ пропуштил година и пол да игра сериозен ракомет, играше во Втора лига. Другите засилувања се млади македонски играчи, и мислам дека единствено Бранко Канкараш е вистинско засилување засега. Ако Вардар го задржи сегашниот состав, со кој се преговара во моментов, екипата ќе биде подготвена за борба и ќе продолжи да владее“, продолжува Шишкарев.

Тој ќе игра четврти пат по ред на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но сега со унгарскиот Веспрем.

„Добив честитки, но со доза иронија. Пред неколку дена се видов со Дибиров во продавница. Тој, се разбира, ми рече – Брате, се зборува, како никогаш досега имаше тежок пат до таму“, низ шега вели Шишкарев.

Русинот вели дека ако финансиската ситуација во Вардар била добра, тој посакувал да остане.

„Преговорите со Веспрем почнаа уште есента. Не претпоставував дека ситуација ќе се усложни во Вардар. Ако имав гаранции дека ситуацијата ќе се нормализира, не би одел никаде. Но ништо не беше јасно за иднината. Затоа решив да одам. Имав и други понуди, но го избрав Веспрем – клуб со амбиции, да победи во ЛШ. Тоа беше првиот фактор, а вториот – тоа што го познавам системот на игра“, вели Шишкарев.

Тој склопил многу пријателства во Македонија.

„Овде имам многу пријатели кои ги стекнав за шест година. Нема да гинарушам односите со нив. Скопје е втор дом за мене. На сите им беше жал. Пред три дена ме бараше еден навивач, да се договориме за кафе и да му го подарам дресот. Тој е многу поврзан со нашата како што вели тој „златна генерација“. Се договоривме да се видиме кога ќе се намали карантинот“, вели Шишкарев.