Ако некој мисли дека Металург е во криза, последните потези на управата го покажуваат спротивното – клубот се подготвува да ги стави на сериозен испит и Еурофарм Пелистер и Вардар. Можеби „сините“ се далеку од сезоните 2013, 2014, 2015, но работат посветено на консолидација и ја чекаат својата шанса. Долговите се чистат и се враќа моментите кога „интересни“ играчи се решаваат да потпишат за Металург.
По Момир Рниќ, тимот на Металург го обезбеди и второто засилување за следната сезона. Станува збор за пивотменот на Мешков Брест, Бранко Канкараш, кој потпиша договор со тимот од Автокоманда. Канкараш е црногорски репрезентативец, роден во Нови Сад, заминува од Брест, бидејќи не беше задоволен од минутажа што ја добиваше од шпанскиот стратег Раул Алонсо.
Кружниот напаѓач играше за Црна Гора на последното ЕП во Австрија, а на клупски план има настапувано за тимовите на Југовиќ Каќ, Војводина, Металопластика, со кои беше дел од европските купови, а настапуваше и за француските Валанс и Истр по една сезона. Има искуство во играње и во ЛШ и во СЕХА лигата, што сигурно ќе биде добредојдено.
Во Металург ќе им прави друштво на Милан Лазаревски и уште еден Црногорец, Лука Вујовиќ. Тимот од Автокоманда полека го формира ростерот за следната сезона, во која ќе се обиде да им ги замрси сметките на Вардар и Еурофарм Пелистер.
Тимот од Автокоманда се бори со силте сили да се врати на патеките на кои беше, па иако тоа ќе биде тешко во моментов најважно е да се стабилизира, да почне нормално да функционира и полека д аги склипи сите коцки во мозаикот што треба да им донесе резултат во борбата со Еурофарм Пелистер, па и со Вардар.