Првото засилување за новата сезона за битолски Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Марио Танкоски.
Досегашниот ракометар на Металург е задоволен што оди во амбициозен клуб и смета дека тоа е чекор напред во кариерата.
„Одам во сериозен клуб со амбиции да биде шампион на Македонија и да игра на високо ниво и во Европа. Еурофарм Пелистер е добро организиран, ќе имам можност да работам со одличен тренер и сметам дека овој трансфер е чекор напред во мојата кариера“, вели Танкоски за 24Ракомет.
Тој ќе биде замена за хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ, кој потпиша договор на две години со португалската Бенфика.