„Готвам, играм тенис, вежбам во подрумот…“

Норвежанецот Сандеер Сагосен периодот со корона кризата го поминува во својот дом во Трондхајм, Норвешка. Тој во интервју за eurohandball.com говореше за тенинзите во домашни услови додека е во карантин.

Како што истакна најдобриот стрелец од последното Европско првенство во домашни услови има обезбедено добри услови за тренинг. Освен што се подготвува за продолжение на сезоната, Сагосен има можност повеќе време да посвети на семејството.

„Имам своја фитнес сала во подрумот, но надвор можам да работам со топка, да играм фудбал или тенис. Затоа, моите подготовки се одвиваат добро. Обожавам да готвам, а сега имам време за тоа. Добро е што го поминувам времето со моето семејство обично не можам да си го дозволам тоа заради густиот распоред на натпревари“, рече Сандер Сагосен.

Норвежанецот исто така се потсети на настапот на репрезентацијата на Европското првенство каде што го освија третото место.

„Одлично беше да играм со момците кои некогаш ми беа идоли кога ги гледав на натпреварите со репрезентацијата. Жално е што не стигнавме до финалето, тоа не беше резултат кој го поскувавме, но научивме многу. Кристијан Берге верува во мене и знам дека сум подобар сè повеќе“, додаде Сагосен.