Сулиќ дефинитивно ја завршува кариерата

Во исчекување на одлуката за враќање на терените или за предвремено завршување на првенството во Полска, еден ракометар на Висла Плоцк само потврди дека ова ќе биде неговата последна сезона во дресот на овој тим.

Ренато Сулиќ, сепак, не само што ја игра последната сезона во овој тим туку и во кариерата. Играчот кој во 2003 година беше златен со Хрватска на Мундијалот, а потоа имаше многу проблеми меѓу кои и беше удрен од автомобил и долго заздравуваше, е еден од последните од златната генерација кој е активен.

Останува само да се види уште колку натпревари ќе има во редовите на Висла пред дефинитивно да стави крај на играњето.