Корона ги прекина активностите во Охрид, ракометарите добија упатства

Екипата на Охрид од денеска прекина со активностите на групни тренинзи и до средување на ситуацијата и добивање на дозвола за продолжување со нормална работа нема да има ниту тренирање ниту групно собирање.

Сите ракометари кои се дел од овој тим ќе останат во Охрид и никој нема да замине надвор од градот. Ова се однесува и за странците и за ракометаите кои се од другите градови.

„Играчите добија програма по која ќе треба да работат во следниот период. Не смееме да се собираме и да работиме во поголема група така што ќе мора ракометарите да продолжат индивидуално. Добија програма и упатство да не се групираат ниту во моментите кога ќе одат на тренинг ниту во слободно време. Се надеваме дека ова ќе заврши што е можно побрзо“, коментираше тренерот Стојановиќ за 24 Ракомет.

Паузата е до 27 март, а тогаш ќе биде познато дали првенството продолжува или можеби ќе следува и нова пауза што на никого нема да се допадне.