МВП на 15. коло во Супер машката лига: Васил Гогов (Вардар јуниор)

Голманот на Вардар јуниор, кој дел од сезоната ја мина и во првиот тим на Вардар каде бранеше и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, Васил Гогов е играч на 15. коло кое е прво пролетно коло во Супер машката лига.

Тој доби најмногу гласови во конкуренција на уште шест ракометари, па се најде пред нив и се вклучи на списокот на играчи кои добивале најмногу гласови во изборот за играч на колото.

Гогов заврши прв со 54% од гласовите. Зад него најблизу остана неговиотклупски колега, Ѓорѓи Дука со 24% од гласови. Потоа следуваа: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 8%), Марио Танкоски (Металург, 6%), Ласко Андоновски (Пролет, 4%), Васко Димитровски (Еурофарм Пелистер 2, 3%) и Мартин Поповски (Пролет, 1%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)

11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)

12.КОЛО: Лука Стојановиќ (Металург 2)

13.КОЛО: Даниел Дупјачанец (Металург)

14.КОЛО: Дарко Кондев (Металург)

15.КОЛО: Васил Гогов (Вардар јуниор)