Французите со полупразна сала кон Токио!

Поради големата закана за ширење на коронавирусот, француските власти донесоа одлука што најмногу ќе ги погоди спортските екипи.

Одлучено е најмалку до 31 мај да се одложат, односно редуцираат сите настани што имаат повеќе од 5.000 гледачи.

Француската федерација е организатор на олимписките квалификации за Токио во салата „Берси“ во Париз, која собира 15.000 навивачи.

Сепак капацитетот ќе мора да биде ограничен на 5.000, иако веќе се продадени половина билети.

Ривали на Франција се Хрватска и незгодните Тунис и Португалија, па со ваквата одлука гостите сигурно ќе бидат задоволни што ќе имаат против себе три пати помалку противнички навивачи.