Ракометарот на Нексе, Саша Баришиќ Јаман најави интересна средба против Вардар на првиот дуел од четврт-финалето кој утре се игра во Нашице.
Тој очекува ова да биде натпревар на кој тој и неговите колеги ќе успеат да го совладаат Вардар, а воедно верува дека поседуваат и квалитет со кој ќе можат да се изборат за победа и пласман на Ф4 турнирот во Задар.
„Атмосферата во екипата е одлична, а дополнително не ‘крена’ последниот натпревар против Сесвете. Мисламдека сме подготвени за првиот дуел против Вардар. Се надевам дека нашите навивачи ќе дојдат во што е можно поголем број и ќе ни дадат поддршкана патот кон Ф4 турнирот во Задар. Сигурен сум дека поседуваме квалитет за да поминеме понатаму и очекувам тоада се види уште на првта средба“, коментира Саша Баришиќ-Јаман.
Првиот натпревар се игра утре од 17 часот во Нашице,а реваншот е закажан за следната недела во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15 часот.