Следен предизвик за ракометарите на Вардар ќе биде четвртфиналниот двомеч од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.
Првиот натпревар ќе се одигра в недела на 8 март со почеток во 17:00 часот во Нашице.
Ракометарите на Нексе во пресрет на овој дуел ја посетија фабриката за прозиводство на цемент „Нашицецемент“, а тоа е еден од главните спонзори на овој тим.
Имаа можност да се запознаат со производниот процес и да поделат на вработените влезници за средбата со европскиот шампион.