Натпреварот меѓу Магдебург и Нант донесе интересен ракомет, а покрај тоа што ова беше дуел на претставниците на Германија и Франција беше и двобој меѓу македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Кирил Лазаров.
Оваа средба заврши со победа на Магдебург од 29:28, а на трибините се најдоа и фанови од Македонија.
Со оглед на тоа што и во двете екипи има Македонци можеа да им дадат поддршка и на двајцата, па после натпреварот и да се фотографираат со нив.
Ова е само уште еден нов доказ дека не има насекаде низ светот и дека нашите спортисти секогаш добиваат огромна поддршка од своите фанови.