Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Вардар не успеа да издржи со една постава на дуелот против Монпелје, па на крајот претрпе пораз од 27:31 со што тимот од Франција првпат заминува од Скопје со позитивен резултат.
Вардар и Монпелје почнаа со надигрување за секоја топка уште од првата минута. И двете екипи имаа свои периоди. Вардар почна подобро и ги доби првите десет минути од средбата. Успеа да поведе со 5:1, но потоа кон средината на полувремето да ја загуби оваа предност и резултатот да биде израмнет.
Монпелје ги доби вторите десет минути од првото полувреме така што успеа да направи пресврт и да го преземе водството под своја контрола. Сепак, немаше предавање и „црвено-црните“ одново се вратија во ритам.
До крајот на првото полувреме имаше неколку менувања во водство, а на одмор Монпелје замина со гол предност од 14:13.
Вториот дел почна многу поефикасно отколку што се играше во првото полувреме. Имаше неколку погодоци и на двете страни, а тоа донесе многу поинтересен и повозбудлив ракомет. Монпелје успеа да зголеми до плус три, но не и да ги зачува. Имаше грешки и на двете страни, па Вардар успеваше да се врати во ритам така што никој не можеше да биде сигурен во ништо.
Работите почнаа да стануваат лоши по Вардар откако измина средината на второто полувреме. Монпелје почна да ги презема работите во свои раце. Ракометарите на Вардар кои беа на терен од почетокот веќе почна да ги стигнува заморот и тоа влијаеше и на играта. Тоа допринесе да дојде до промена во ритамот и најчесто поради грешки се губеше чекорот со противникот, па Монпелје имаше плус четири.
[soliloquy id=”124699″]
Со негатива од овие четири гола Вардар влезе во последните десет минути. Резултатот беше 24:28 така што веќе се најавуваше пораз на овој двобој. Следуваше пеколен финиш во кој конечно одбраната зацврсти. Имаше и реализација, но недоволно за да може да се направи пресврт. Вардарци се доближија до 27:28, а потоа примија два погодока набрзина и завршија надежите за позитивен епилог на овој дуел.
Овој пораз ги остави „црвено-црните“ на 6. позиција така што во следната фаза од Лигата на шампионите ќе играат против третопласираниот состав од Групата А, а тоа најверојатно ќе биде тимот на Пик Сегед.
ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ 27:31 (13:14)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 2000. Судии: Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка. Делегат: Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
ВАРДАР: Кизиќ (8 одб.), Гедбан (1 одб.), Гогов, Стоилов 7/9, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Сикошек Пелко, Скубе 1/2, Калараш 1/2, Чупиќ 5/10, Де Толедо 1/3, Дибиров 4/4, Горбок 6/9, Шишкарев 2/4, Горпишин.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.
МОНПЕЛЈЕ: Шего 0/1 (4 одб.), Бонефо (6 одб.), Симонет 2/6, Вилемино 2/5, Трухановичиус 1/2, Дескат 8/10, Гребил 1/2, Бос, Петерсон, Ричардсон 5/7, Порт 2/2, Лене 6/7, Афгор 1/2, Суси, Дуарте Брито 3/4.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.