Алушовски: Не сме фаворити в сабота, ситуацијата не ни дава право за тоа

Екипата на Вардар в сабота го игра последниот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите. Веќе го има обезбедено пласманот во осминафиналето, а останува само да се почека за да се види кое ќе биде местото од кое ќе се стартува во елиминациите.

Задутре во СЦ „Јане Сандански“ гостува Монпелје, а вардарци очекуват интересен дуел.

„Нè очекува тежок натпревар. Нашата примарна цел и пласман во осминафинале ја остваривме против Мотор. Имавме нови проблеми со вироза, двајца ракометари беа болни и не можевме да направиме квалитетен тренинг. Тоа нема да биде изговор за оправдување. Ќе го дадеме максимумот на терен на оваа средба. Она што можеме да кажеме во моментов е дека ќе се бориме максимално за секоја топка. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме не ни дава за право да кажеме дека сме фаворити. Проблемите кои ги имавме и здравствените од оваа недела ни оставаат една мала резерва“, изјави Алушовски.

Средбата се игра в сабота, а почнува од 17:30 часот