Повеќе од четири милиони Кинези го следеле дебито на нивните играчи во ЛШ

Како што веќе ни е познато за првпат во клупската историја, хрватскиот шампион Загреб во својот ростер имаше ракометари од Кина.

Тројца доскорешни членови на тимот од СЕХА, Пекинг Универзитет – голманот Кјуан Ванг, десниот бек Ксуејан Јао, како и левиот бек Џианџие Жанг ќе ги бранат боите на „плинарите“ до 30 април.

Првите двајца дебитираа на натпреварот против Барселона што се одигра во „Блауграна“, кој Загреб го загуби со 32-23. Овој деби настап на Кинезите привлече доста големо внимание во Кина, односно 4,1 милиони гледачи го следеле дуелот пред малите екрани.

Инаку оваа можност за настап играчите ја добија како резултат на договорот на  Кинеската ракометна федерација со неколку клубови од Хрватска за привлекување на кинески ракометари да стекнат меѓународно искуство.